На 18.12.2023 полициски службеници од ОВР Свети Николе спроведоа едукативна активност со учениците од средното општинско училиште „Кочо Рацин“, на тема ,,Не користи пиротехнички средства“. Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни последици.
Учениците беа запознаени и со законските санкции кои се предвидени за употреба, набавка и продажба на пиротехнички средства.