17.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Животна средина и енергетска ефикасност

    На 15.12.2023 година (петок) се одржа третата сесија од Форумите во заедницата на која се презентираа предлог – проектите за концептите кои беа усвоени на претходната форумска сесија од страна на работните групи.
    Сите предлог проекти се на тема „Животна средина и енергетска ефикасност“, која од страна на граѓаните беше изгласана на првата форумска сесија. Презентирани беа следните предлог- проекти:
    1.Набавка на специјализирано возило за комунален отпад;
    2. Изградба на енергетски ефикасна фасада на ООУ„Славчо Стојменски“ Виница;
    3. Промена на уличното осветлување со енергетски ефикасни светилки и
    4.Промена на кровна конструкција на ОУ„Никола Парапунов“ с. Драгобраште
    Следната форумска сесија треба да се одржи во јануари и на неа ќе се гласа за предлог- проектите, со цел да се издвои најрелевантниот проект, кој ќе се реализира со финансиска поддршка обезбедена преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, а ќе го кофинансира и Општина Виница.
    Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја ко-финансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП.
    May be an image of 2 people, lighting and textMay be an image of 11 people and text
    May be an image of map and text
    May be an image of 6 people, people studying and text

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.