4.4 C
Vinica
сабота, декември 21, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Елмас и Наполи ќе го играат најголемото дерби во осминафиналето во ЛШ

    Вкупно 16 екипи денеска го дознаа својот противник во првата нокаут фаза во Лигата на шампионите, а од извлечените двојки, може слободно да се каже дека посебно се издвојува дуелот меѓу италијанскиот и шпанскиот шампион.

    Легендарниот Џон Тери имаше привилегија да ги извлекува имињата на клубовите и му правеше друштво на Џорџо Маркети, па раката на поранешниот стопер на Челси донесе поволни противници за дел од главните фаворити за највисок пласман како Реал Мадрид, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

    Реал како најуспешен клуб во ова натпреварување ќе ги вкрсти копјата со Лајпциг, Манчестер Сити како актуелен европски шампион ќе игра двомеч со Копенхаген, додека Баерн оди на Лацио со кого има позитивен биланс во меѓусебните пресметки.

    Најинтересен дуел треба да биде оној меѓу Наполи и Барселона, што ќе значи одмерување на силите меѓу актуелните национални шампиони на Италија и Шпанија.

    Елиф Елмас и соиграчите ќе имаат голем предизвик и ќе се соочат со момците на Чави Ернандес, а израмнет и неизвесен се очекува да биде и двојната пресметка која ќе ја имаат Интер и Атлетико Мадрид.

    Осминафинални парови:

    Порто – Арсенал

    Наполи – Барселона

    ПСЖ – Реал Сосиедад

    Интер – Атлетико Мадрид

    ПСВ – Борусија Дортмунд

    Лацио – Баерн Минхен

    ФК Копенхаген – Манчестер Сити

    РБ Лајпциг – Реал Мадрид

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.