12.9 C
Vinica
вторник, ноември 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Непристојно е да се навредуваат професори, Мицкоски со одговор на коментарите на Ходаи

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека е непријатно изненаден од коментарите на Бленди Ходаи од Здружението Форум за образовни промени кое минатата недела поднесе тужба против Министерството за образование и наука (МОН) поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк.

    „Како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден и шокиран како се навредуваат редовни професори, како што сме јас и министерката за образование, кои сме помогнале генерации на студенти да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства. Тоа во најмала рака е непристојно“, рече Мицкоски.

    Ходаи, меѓу другото, во реакција за висината на средствата за субвенциониран оброк кои не се усогласени со годишната инфлациска стапка, побара студентите да добијат можност да јадат во бифеата на Собранието и во Владата, каде, како што рече, има многу поволности за функционерите.

    „Нека јадат студентите со 160 денари бифтек, како што јадат пратениците, па потоа нека зборуваат што може да се купи со 140 денари“, рече Ходаи.

    Мицкоски рече дека жали што Ходаи не присуствувал на состанокот со легитимните претставници на студентските движења каде се разговарало за студентскиот оброк, каде што тој зборувал за можноста студентите сумата која што ќе биде одобрена на месечно ниво за оброк да продолжат и да ја користат во ланците за дополнителни попусти и привилегии.

    „Би сакал да испратам една порака до студентите дека јас како редовен универзитетски професор сум нивен пријател, поддржувач бидејќи на крајот од денот политиката и оваа денешна моја позиција се минлива и менлива категорија. Кога сето ова ќе заврши, јас повторно ќе се вратам на Универзитетот и повторно ќе работам и другарувам со студентите и ќе се потрудам дел од своето знаење и искуство да го пренесам, кое што се надевам дека на голем дел од нив ќе им значи додадена вредност во нивните животи“; рече Мицкоски.

    Тој рече дека Владата работи на проекти за студентските домови, за обезбедување електронски уреди за секој студент, на новите универзитетски кампуси на неколку универзитети и други.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.