5.8 C
Vinica
понеделник, ноември 9, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    Шеесетгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода под сомнение дека подолг временски период ја принудувал својата 80-годишна мајка да питачи, искористувајќи ја нејзината физичка неспособност и зависност од туѓа помош. Против него е поднесена кривична пријава за трговија со луѓе, бидејќи, според полицијата, ја изложувал мајка си на трудова експлоатација со цел да стекне противправна имотна корист, пренесува Министерството за Внатрешни Работи.

    Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот во текот на 2025 и 2026 година ја искористувал ранливата положба на својата мајка, која се движи со инвалидска количка и не е во можност самостојно да ги извршува секојдневните активности. Тој ја носел на одредена локација во Гостивар, каде што ја принудувал да питачи, додека самиот постојано бил во нејзина непосредна близина.

    Во текот на питачењето, осомничениот ја надгледувал и контролирал нејзината активност, а по завршувањето на собирањето пари, на насилен и дрзок начин ѝ ги одземал средствата. Парите потоа ги користел за свои потреби, наведуваат од МВР.

    По добиена судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории што ги користел осомничениот на подрачјето на Гостивар. При претресот биле пронајдени и привремено одземени мобилни телефонски апарати и парични средства за кои постојат сомненија дека потекнуваат од извршувањето на кривичното дело.

    Акцијата била спроведена на 6 ноември од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги, во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Против 60-годишникот е поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“ според член 418-а, став 1 од Кривичниот законик.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.