Министерството за правда останува на ставот дека Упатството за матична евиденција со кое се внесува националноста во изводите не е спротивно на законите законите, иако Уставниот суд веќе најави дека самоиницијативно ќе ја преиспитува уставноста на овој подзаконски акт.Претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска на брифинг со новинарите нагласи дека Упатството е спротивно на Уставот без да прецизира во кој дел. Своите аргументи претседателката на Уставен ќе каже на седница на Уставниот суд кога ќе се одлучува за овој предмет. Во оваа фаза Уставниот суд не може да донесе ниту времена мерка за замрзнување на примената на Упатството, зошто нема такви овластувања според актуелниот Деловник, за која најави дека наскоро ќе се смени.