Деканите на Економскиот, Прородно-Матеатичкиот, Градежниот, Прдагошкиот факултет и Академијата на Уметности при Универзитетот во Нови Сад преку заедничко соопштение најостро реагираа на, како што наведуваат, злоупотребата на овластувањата на извршната власт, оценувајќи дека со таквото постапување без реална основа се нарушуваат автономијата на универзитетот и достоинството на академската заедница.
Реакцијата следува откако, според нивното соопштение, припадници на Управата на криминалистичката полиција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, вчера влегле во просториите на Ректоратот на Универзитетот во Белград, извршиле претрес и заплениле материјали во рамки на истрага поврзана со трагичната смрт на студентка од Филозофскиот факултет во Белград.
Во соопштението, деканите изразуваат сочувство до семејството на починатата студентка, но истовремено потсетуваат дека секој поединец и секоја институција имаат обврска да го почитуваат законот, особено, како што велат, оние што се должни да го спроведуваат.
„Изразуваме сочувство до семејството на починатата студентка, потсетувајќи на обврската на секој поединец и на секоја институција да го почитува законот, нагласувајќи дека тоа особено подразбира забрана за негова злоупотреба од страна на оние што се должни да го спроведуваат. Ја осудуваме медиумската хајка врз целата академска заедница во Србија и врз нејзините истакнати претставници, која трае веќе со месеци и која сето тоа време добива на интензитет. Ја потсетуваме јавноста, без оглед на поводот, дека уривањето на универзитетот, како една од најсветлите придобивки на модерната цивилизација, никогаш на ниту едно општество не му донело ништо добро. Напротив, тоа секогаш било сигурен показател за неговото пропаѓање.“
Тие ја осудуваат и, како што наведуваат, медиумската хајка против целата академска заедница во Србија и нејзините истакнати претставници, за која оценуваат дека трае со месеци и постојано се засилува.
„Ја потсетуваме јавноста, без оглед на поводот, дека уривањето на универзитетот, како една од најсветлите придобивки на модерната цивилизација, никогаш на ниту едно општество не му донело ништо добро. Напротив, тоа секогаш било сигурен показател за неговото пропаѓање“, се наведува во реакцијата.
На крајот од соопштението, деканите порачуваат дека зачувувањето на универзитетите е од суштинско значење за зачувување на општеството и неговите темели.