Ако сакате старомодни, проверени и вистински задоволства – ова е колач што мора да го пробате. Богатата комбинација од ореви, лесна кора и три различни слоја филови му дава посебен вкус и текстура.
Состојки:
Потребни за кората:
150 г омекнат маргарин
150 г кристален шеќер
70 грама брашно
180 г мелени ореви
4 белки
Жолт фил:
4 жолчки
200 г шеќер во прав
Фил со ореви:
200 г кристален шеќер
50–60 мл млеко
50 г маргарин
200 г мелени ореви
Подготовка:
Матете го омекнатиот маргарин со шеќерот додека не добиете пенаста маса. Потоа додадете брашно и мелени ореви и добро измешајте сè. Одделно изматете ги белките во цврст снег, а потоа нежно, со лажица, вмешајте ги во смесата. Истурете ја подготвената смеса во плех обложен со хартија за печење. Печете ја кората околу 15 минути на 180°C.
Додека кората малку се лади, подгответе го жолтиот фил со матење на жолчките од јајцата со шеќер во прав. Рамномерно распоредете го жолтиот фил врз топлата кора, а потоа вратете го тавчето во рерна. Намалете ја температурата на 100–120°C и сушете го колачот уште 15 минути, додека не се формира цврста кора одозгора. Потоа извадете го колачот и оставете го целосно да се олади.
Фил со ореви:
Истурете ги млекото и шеќерот во тенџере и загревајте додека не зоврие и шеќерот не се растопи. Потоа додадете ги мелените ореви и гответе уште неколку минути, мешајќи постојано. Тргнете од оган, додадете маргарин и мешајте додека не се растопи и филот не стане мазен. Прелијте го топлиот фил врз жолтиот слој. По желба, посипете го горниот дел од колачот со мелени ореви.
Најдобро е колачот да го оставите во фрижидер преку ноќ, за да се стегнат убаво сите слоеви и да се соединат вкусовите. Следниот ден, исечете го на парчиња и послужете.
Уживајте!
Фото: Принтскрин/novosti