11.8 C
Vinica
вторник, март 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“

    На 14 март (сабота) со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на славниот Волфганг Амадеус Моцарт.

    „Магичната флејта на Вулфи“ е книга за деца којашто е инспирирана од музиката на Моцарт, но се работи за автентична приказна којашто го опишува авантуристичкиот карактер на малечкиот Вулфи и неговата средба со „магичната флејта“. Неговите палавштини, разно-разни активности, комичните игри, љубопитноста и потрагата по мистериозното, го прикажуваат неговиот интересен карактер, којшто се обликува и преку комуникацијата со останатите ликови во приказната како Таткото, неговата тетка Марија Лепка Лепенка, Трепкачкиот сосед – чичко Франц, Магичната флејта…

    Приказната е збогатена со фантазија и малку магија, којашто, на крајот, станува реалност. Претставата има забавен, но и едукативен карактер, со што идејата е да се поттикнат најмалите да ја заскааат музиката на Моцарт и славните класичари, а во истовреме, преку забава, да научат дека фантазијата и секоја желба ако е голема и искрена, на крајот се остварува.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica