11.8 C
Vinica
вторник, март 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Најброен марш за 8 Март во Скопје: Фемицидот започнува многу пред последниот удар

    ,,Трпи си, пријави си, умри си”, ,,Пресуда: Виновни сте за соучество во злосторство”, ,,Насилникот дома, а жртвата да бара засолниште?”, ,,Safe city, Unsafe Women”, ,,Камерите гледаат, институциите мижат”.

    Ова се само дел од транспарентите со кои стотици граѓани дадоа поддршка на денешниот марш по повод 8 Март, кој се одржа под слоганот ,,Нема да нѐ снема”.

    Маршот беше најброен од сите досегашни, а започна со минута молк за Ивана и Катја, мајката и ќерката кои неодамна починаа како резултат на долгогодишно насилство од сопругот-силеџија, Стојанче Јовановски.

    Фото: Мета.мк

    Присутните бараа правда за Ивана, за Катја, за Росица, за Рамајана.

    ,,Фемицидот не започнува со последниот удар, тој започнува многу порано. Семејното насилство мора да е приоритет за секоја институција. Што гледаме ние секој ден? Сторители кои со насмевка кажуваат ,Сама си го бара’. Како не ви е срам да порачате да пријавуваме насилство и да не ги повлекуваме пријавите?”, исакнаа говорничките на маршот, по што присутните го исвиркаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски.

    Граѓаните маршираа од паркот ,,Жена Борец”, низ Рекорд и пред Владата, а завршија пред постаментот на македонската партизанка Вера Јоциќ, бидејќи бистата беше украдена лани во декември, а нова биста надлежните не поставија. Положија цвеќиња за да се заблагодарат за сите паднати борки што си го посветиле животот на женската слобода.

    Фото: Мета.мк

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica