5.3 C
Vinica
петок, февруари 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    (ВИДЕО) ПРОИЧКИ СО АЈВАР: Совршен посен оброк

    Вегетаријанските посни проички со ајвар се совршени дури и кога се топли, свежи од рерна, но и кога ќе се оладат – остануваат меки, сочни и полни со вкус. Идеални се за појадок, вечера или како ужина со салата.
    Састојки:
    9 лажици пченкарно брашно
    3 лажици палента
    3 лажици бело пченкарно брашно
    1,2 дл масло
    350 мл минерална вода
    1 прашок за пециво
    1 лажичка сол
    3 лажици ајвар
    семки по желба (сусам, лен, сончоглед)
    Подготовка:
    Прво, измешајте ги сите суви состојки: пченкарно брашно, палента, бело брашно, сол и прашок за пециво. Потоа додадете масло, минерална вода и ајвар. Добро измешајте сè додека не добиете еднолична смеса, малку повеќе течна од вообичаеното за проички. Истурете ја смесата во калапот за мафини. Посипете со семки. Печете во загреана рерна на 200°C околу 20 минути.

    Пријатно!

    Фото: Принтскрин/YouTube

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica