5.4 C
Vinica
четврток, јануари 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје е лишено од слобода

    Министерството за внатрешни работи информира дека е приведено лицето кое го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје.

    „Лишено од слобода лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Денеска (12.01.2026) во 12:40 часот на ул. „Кирил и Методиј“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Ш.А.(54) од Скопје, затоа што вчера (11.01.2026) го оштети стаклото на влезната врата на амбасадата на Република Бугарија во Скопје. Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ стои во соопштението на МВР.

    Министерството за внатрешни работи информира дека инцидентот бил забележан преку видеонадзорот на Амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот.

    Бугарското Министерство за надворешни работи остро го осудува овој чин насочен кон зградата на бугарското претставништво во Скопјe, симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Македонија.

    Оштетена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, Министерството за надворешни работи на Бугарија со остра реакција

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica