Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година.
– Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска може да ги подигнат средствата во сите отворени филијали и експозитури на банките, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.