6.8 C
Vinica
среда, февруари 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Со Методологијата за енергетска сиромаштија ќе се препознаваат ранливи домаќинства кои имаат високи трошоци за енергија

    Методологијата за енергетска сиромаштија ќе воспостави јасни критериуми за препознавање на ранливите домаќинства како што се ниските приходи, високите трошоци за енергија во семејниот буџет и ниската енергетска ефикасност на домаќинствата, параметри кои ќе бидат основа за понатамошни годишни програми за заштита на ранливите енергетски потрошувачи. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека подготвената Методологија е согласност со европските стандарди и со обврските за земјава да воспостави критериуми за утврдување на енергетската сиромаштија.

    Со методологијата, за првпат институциите ќе имаат јасна слика за обемот и структурата на енергетската сиромаштија во земјата, ќе послужи како основа за креирање политики и мерки за заштита на домаќинствата кои најмногу се соочуваат со тешкотии при обезбедување енергија и ќе придонесе кон усогласување со европските практики и стандарди, како дел од пошироката агенда за енергетска транзиција и социјална одржливост.

    Министерството за енергетика подготвува годишна програма за заштита на ранливите потрошувачи, каде методологијата ќе биде централна алатка за дефинирање на приоритетите и интервенциите.

    „Со оваа методологија за првпат систематски ќе ја измериме енергетската сиромаштија во земјава. Тоа ќе ни овозможи јасно да ги идентификуваме домаќинствата кои се најпогодени и да креираме прецизни, таргетирани мерки за нивна заштита,“ истакна министерката Сања Божиновска.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica