Премиерот Христијан Мицкоски од вчера престојува во работна посета на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, каде, како што соопштија од Владата, се предвидени средби на високо политичко ниво, како и разговори со претставници на компании, институции и бизнис-заедницата.
Во рамки на посетата, Мицкоски ќе учествува и на првиот самит „Посилни заедно – отпорноста како императив за целото општество“.
Премиерот е најавен и како учесник на панел-дискусијата „Од глобални промени до регионални реалности“.
Од Владата засега не соопштуваат со кои политички претставници и компании ќе се сретне Мицкоски, ниту колку ќе трае работната посета.