18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ВИДЕО | Драма во Мајами: Бостон со луд кош на една десетинка до крајот се избори за „мајсторка“!

    Кошаркарите на Бостон иако губеа со 0:3 во серијата од Мајами сега изедначија на 3:3 и се на еден чекор од пресврт каков што немало досега во НБА лигата.

    Во натпреварот изминатата вечер на гости го совладаа Мајами со 104:103. Дерик Вајт беше херојот кој го постигна победничкиот кош и тоа на десетинка до крајот на натпреварот.

     

    Двата тима играа на високо ниво, Бостон водеше во поголем дел од средбата, а во еден момент имаа и двоцифрена разлика во последниот период. Сепак, Мајами се врати и имаше ситуација да победи и да ја заврши серијата, меѓутоа соништата за финале барем засега им ги урна Вајт.

    Тејтум беше најефикасниот кај Бостон со 31 поен, Браун додаде 26, додека Џими Батлер на спротивната страна уфрли 24 поени.

    „Мајсторката“ се игра во Бостон во ноќта помеѓу понеделеник и вторник од 02:30 часот. Ќе потсетиме, во НБА лигата досега 150 пати еден тим имал негатива од 3:0 во плеј-офот и ниту еднаш никој не излегол како победник.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.