18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Техничкиот директор Паоло Малдини го напушти Милан

    Она што се навестуваше во понеделникот и официјално е потврдено, техничкиот директор на Милан Паоло Малдини го напушти клубот.

    Таа функција Малдини ја извршуваше во последните четири години и за тоа време клубот ја освои титулата шампион на Италија, прва по 11 години. Милан трипати играше и во Лигата на шампионите, а оваа сезона првпат по 2007 година стигна до полуфинале.

    Оваа одлука после расправијата помеѓу Малдини и сопственикот на клубот Гери Кардинале, по што клупската легенда доби отказ.

    Според соопштението на Милан, неговото ќе го заземе стручна комисија која ќе соработува со тренерот и ќе поднесе извештај до извршниот директор.

    Заминувањето на Малдини предизвика реакции и во соблекувалната на тимот, а неколку играчи и јавно реагираа на промената. Меѓу нив е и еден од најдобрите играч на екипата, Португалецот Рафаел Леао.

     

     

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.