19.7 C
Vinica
петок, октомври 4, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Посета на амбасадорот на Република Полска г-дин Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга г-ѓа Јоланта Гжелчик

    По повод одбележување на месецот на полската книжевност, амбасадорот на Република Полска г-дин Кшиштоф Гжелчик и неговата сопруга г-ѓа Јоланта Гжелчик, денес ги посетија ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ Виница и кабинетот на градоначалникот на Општина Виница Миле Петков.
    Посетата е остварена благодарение на учеството на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ Виница во проектот „Полска полица“ чиј координатор е г-ѓа Јоланта Гжелчик, која е во тесна врска со библиотекарската дејност и промоција на полската книжевност.
    Амбасадата на Р. Полска во рамки на проектот донираше 50 наслови од полски автори, каде се вклучени класици (Шенкевич, Гомбрович, Шулц, Рејмонт…), но и дела од најсовремени автори, а покрај книги за возрасни, застапени се и изданија за помлади читатели и деца, меѓу кои и книгата „Мечето Ушко” (Miś Uszatek) со еден од најпознатите ликови меѓу децата од Полска и пошироко.
    Директорката на ЈОУ Библиотека „Ванчо Прке“ Виница Лилјана Капевска и амбасадорот, покрај за проектот, дискутираа и за можностите за промоција на класиците од современата полска литература, за македонско-полските врски во културата, како и за можностите за надминување на некои актуелни предизвици во ова поле.
    На средбата со градоначалникот Миле Петков се дискутираше за продолжување на соработката со Р.Полска, одржување на врската со збратимената општина од Р.Полска но и внесување на нови елементи, нови проекти и иницијативи кои ќе имаат за цел меѓусебно афирмирање и негување на културните традиции и наследство.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.