26.3 C
Vinica
сабота, јули 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ бара да се провери квалитетот на водата во сите градови, ВМРО ДПМНЕ вели дека само шират паника и го штитат градоначалникот на Гостивар

    СДСМ побара проверка на водата за пиење да биде направена за сите градови во Македонија, откако во Гостивар беше загаден градскиот водовод со фекална вода од Вардар, а неправилности
    беа регистрирани и во неколку други градови.
    Опозициската партија ги посочи примерите на појавата на арсен во водоводот во Валандово, загадувањето на водата во болницата во Лешок и бактериолошката неисправност на водата во Крушево, а најави дека преку своите советници, ќе бара вонредни анализи на водата за пиење и во Велес и околните населени места.
    „СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Бараме итна и целосна проверка на водата за пиење во сите градови и општини во Македонија, без исклучок и без селективност, стои во соопштението на СДСМ.
    Од партијата побараа и оставки од министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска и од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов.

    Од ВМРО-ДПМНЕ па велат дека опозицијата и лидерот Венко Филипче ја злоупотребуваат кризата за ширење паника, дезинформации и конструкции, дека собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар, но и дека го штитат и го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани.

    Од владеачката партија велат дека општинските власти во Гостивар, кои се кадар на коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари, немаат капацитет да ја водат општината, заради што нивната работа, како што велат, ја преземала Владата.

    СДСМ и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиреност кај граѓаните. Наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг. Потребно е сите политички чинители да покажат одговорност, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Наместо да се создава непотребна вознемиреност, јавноста треба да добива факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја вршат својата работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата велат дека опозиционерите не побарале одговорност и брза реакција од локалните институции, туку избрале да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Лимани, со што на јавноста им покажале дека партискиот интерес е пред интересот на граѓаните.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica