18.4 C
Vinica
сабота, октомври 5, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Патронен празник во СОУ „Ванчо Прке“ во Виница

    Денеска СОУ „Ванчо Прке“- Виница го одбележа патрониот празник воедно и 60 години јубилеј од основањето на гимназијата.
    По тој повод свежо цвеќе на бистата на патронот положи училишната делегација.
    Во склоп на овогодинешното одбележување беа доделени благодарници и дипломи за постигнати резултати на ученици кои учествуваа на овогодинешните натпревари.
    Програмата беше проследена, надополнета и разубавена со настапи на музичкиот бенд од училиштето кој успеа да се пласира како државен првак на државниот натпревар на бендови одржан во Валандово ,,The School band”, со говори и рецитали изведени од ученички кои исто така се закитија со награди од натпревари.
    Колегиумот при СОУ „Ванчо Прке“- Виница му врачи плакета, благодарност на директорот на училиштето Тихомир Тасев, во чест на неговата посветеност, поддршка и соработка.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.