Факултетот за образовани науки при УГД подготвува новогодишна претстава за деца насловена „Девојчето и дванаесетте месеци“.
Факултетот за образовани науки при УГД во соработка со Технолошко-техничкиот факултет подготвува новогодишна претстава за деца насловена „Девојчето и дванаесетте месеци“. Претставата е наменета за најмладите од 3 до 10 години, а станува збор за продукт на студентите од Факултетот за образовни науки, во соработка со студенти од Технолошко-техничкиот факултет и Филолошкиот факултет.
Оваа претстава е комплетен продукт на посветеноста на студентите кои навистина се вложија да креираат еден одличен настан за најмладите од овој регион, како и за дечињата на вработените во УГД. Студентите напорно работеа повеќе од еден месец и ние како факултет сме навистина горди на тоа, велат од Факултетот за образовни науки.
Претставата ќе се одигра на сцената на Мултимедијалниот центар при УГД. Премиерата е на 26.12.2023 г. во 11 часот, а втората изведба во 13 часот. Премиерата е наменета за дечиња од детските градинки и основните училишта во Штип, а втората за вработените од УГД и останатите заинтересирани. Влезот за двете изведби е бесплатен.
Претставата е работена по текст на Марко Цепенков, а во адаптација на тимот на студентската театарска група.