Лука Модриќ повеќе од една деценија е дел од шпанскиот великан Реал Мадрид, но се има почеток и крај па така ќе биде и во овој случај со хрватскиот маестро.
Неговиот договор истекува во месец јуни и со оглед на тоа што веќе 38 години тешко дека ќе биде продолжен, па Лука бара други опции во кариерата.
Според шпанскиот портал специјализиран за трансфери „Todofichajes“, искусниот играч за врска веќе се договори со Ал Наср од Саудиска Арабија.
– Пред неколку недели Модриќ им порача на челниците на Реал дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, сепак на крајот пресуди улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со Модриќ, неговиот поранешен соиграч и тој го убеди да му се придружи во Ал Наср.
– Условите на договорот не се познати, но се шпекулира дека хрватскиот репрезентативец ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона. Постоеше опција тој да го напушти Реал веќе во зимскиот преоден рок, но Модриќ и Реал се откажаа од тоа, – велат Шпанеците.