19.7 C
Vinica
петок, октомври 4, 2024

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Излижба на иконописецот и зограф Григориј Пецанов

    Музеј „Теракота“ Виница денес беше домаќин на изложба од 24 икони (фотографии) на истакнатиот македонски иконописец и зограф Григориј Пецанов од Струмица, која ја оствари благодарение на добрата соработка со НУ Завод и Музеј Струмица.
    Изложбата официјално беше отворена од директорката на Музеј „Теракота“ Виница г-ѓа Сара Даневска и г-ѓа Магдалена Василева историчар на уметноста. Отварањето на изложбата беше надополнето со прекрасна изведба на црковниот хор „Јован Кукузел“ заедно со нивниот диригент Игор Насев.
    Фотографиите се поставени во фоајето на дом на култура „ Тошо Арсов“ Виница, каде авторот на изложбата, историчар на уметноста Магдалена Василева даде оригинален осврт на богатото творешто на талентираниот уметник, иконописец и зограф Григориј Пецанов.
    Иконописецот и зограф Григориј Пецанов има богато творештво во времето на Македонската преродба од XIX век, во кое се вбројуваат серија икони од иконостасот на црквата „Свети Димитар“ во с. Драчевица и во црквата Света Троица во с. Дабиле. Ја живописува и црквата „Свети Димитар“ во с. Градец, фреските на таванот во храмот во с. Дабиле, го слика „Св. Ѓорѓи“ во црквата Успение Богородично во с. Смојмирово, иконата Успение на Пресвета Богородица во Беровскиот манастир Св. Архангел Михаил, престолните икони во цркавата Св. Архангел Михаил во Драмче и др. Со други автори работи во многу други цркви во регионот: во Делчево, Разловци, Стар Истевник, Смоларе и Струмица. После 1878 год. Григориј Зограф се населува и твори во Бугарија каде работи на фрескопис во берковската црква Свети Никола. Во црквата Воскреснување Христово во софиското село Челопечене на иконата Света Богородица има потпис дека е изработена од рацете на Григориј иконописец македонец од Струмица во март 1897 год.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.