10.7 C
Vinica
четврток, октомври 29, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Студентите во блокада предупредуваат на можни исценирани инциденти вечерва во Белград, тврдат дека цел би била редакцијата на „Информер“

    Студентите во блокада во Србија предупредија дека вечерва во Белград би можело да се случат инциденти кои, според нивните тврдења, би можеле да бидат организирани со цел одговорноста да им се припише на студентите.

    Во објава на социјалните мрежи, тие наведуваат дека редакцијата на српскиот таблоид „Информер“ наводно би можела да биде цел на инсцениран напад, за кој потоа би биле обвинети студентите.

    „Имаме причини да веруваме дека вечерва одредена интересна група ќе се обиде да инсценира инциденти во Белград“, наведуваат студентите во блокада на нивната Фејсбук страна.

    Тие ги повикаа граѓаните да не се приклучуваат на вакви повици и критички да ги проверуваат информациите што ќе се шират.

    Студентите оценуваат дека постојат интереси нивното движење да биде претставено како насилно и порачуваат дека таквите обиди нема да успеат.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.