18.7 C
Vinica
четврток, октомври 1, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Министерството за транспорт го правда тендерот: Електричните автобуси се набавени законски

    Набавката на електричните автобуси е целосно транспарентна и согласно Законот за јавни набавки се избра најповолниот понудувач, објави денеска Министерството за транспорт и врски, кое тврди дека постапката била отворена за јавноста и за сите понудувачи, а цената се постигнала на електронска аукција како што наложува законот.

    Министерството го правдаше процесот, откако во јавноста излезе анализа која потврди дека двете компании кои го добија тендерот како партнери, во претходните јавни повици биле конкуренти, но и дека капацитетот на автобусите кои се набавуваат е многу помал од оние кои веќе ги има во јавниот градски превоз во Скопје. Од транспорт и врски велат дека е манипулација обидот да се прават споредби со автобусите на гас и посочува дека новите автобуси се стандардни, со автоматски регулиран клима уред за ладење/греење, максимална моќност најмалку 350 kW на електромоторот, дисплеј екрани за прикажување станици и број на линии, со 3 врати, платформа за лица со инвалидитет, со најсовремени системи за кочење и безбедност како и со стандарден капацитет со кој целосно се задоволуваат потребите за превоз на патници по европската директива 2018/858 и согласно ИСО стандардите 15118.

    „Автобусите кои ќе се набаваат се со капацитет од најмалку 33 седечко седиште, а вкупно 67 патници, а кога веќе се прават несоодветни споредби донираните автобуси се на компримиран природен гас и имаат вкупно 29 седечки места, што значи 4 седишта помалку. Се работи за различен тип на автобуси и затоа е несоодветно да се прават вакви споредби, тоа е како да се прави споредба на автопат и експресен пат“, велат од Министерството.

    На тендерот најдобрата единечна цена по автобус е 321.958 евра без ДДВ, а дека тоа било добра зделка, според министерството е и фактот дека во Загреб биле набавени 62 електрични автобуси за 56,8 милиони евра, додека во Македонија се 150 автобуси и 75 полначи со вкупна вредност од 59,9 милиони евра.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.