Руските воздушни напади усмртија три лица, меѓу кои и едно дете, а повредија уште седум лица во украинскиот главен град Киев и околниот регион рано утрово, соопштија официјални лица.
Во нападот загинаа две лица, а четворица беа повредени во главниот град, соопшти Воената управа на градот Киев на Телеграм, а градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека избувнале пожари кои зафатиле приватни куќи, како и една продавница и магацин.
Сведок на Ројтерс слушнал експлозии во градот.
Тимур Ткаченко, гувернерот на регионот Киев, на Телеграм напиша дека руски напад со ракета и беспилотно летало усмртил дете и повредил уште три лица во областа, при што биле оштетени и инфраструктурни објекти, куќи, магацини и автомобили.
Соседите на Украина, Романија и Полска – земји-членки на Европската Унија и НАТО – подигнаа воени авиони за да го заштитат својот воздушен простор поради руските напади врз Украина, се наведува во соопштенијата на министерствата за одбрана и вооружените сили објавени на платформата X.