14 C
Vinica
сабота, септември 26, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Левица ќе побара да се укине платеното политичко рекламирање за време на избори

    Пратеничката група на Левица најавува повеќе измени на Изборниот законик со кои, како што велат од партијата, ќе се бара отстранување на нерамноправностите во изборниот процес. Првата иницијатива, најавуваат, ќе биде насочена кон укинување на платеното политичко рекламирање.

    Најавата следува по одлуката на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица и да не расправа за одредбите од Изборниот законик со кои оваа партија е исклучена од можноста за платено политичко рекламирање.

    „За жал, поминува во сенка на скандалозната, недемократска и крајно исполитизирана одлука на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица и да не расправа за проблематичните делови од Изборниот законик, коишто ја исклучуваат Левица како единствена партија од политичко рекламирање“, изјави денеска координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов.

    Според Левица, образложението на Уставниот суд не е одржливо, бидејќи од 2023 година состојбата во Собранието е променета.

    „Ситуацијата е сменета од 2023-та, затоа што сега имаме и парламентарна партија и тоа пратеничка група која е исклучена од политичко рекламирање“, посочи Крмов.

    Од Левица истовремено го поддржуваат повторното отворање на дијалогот за Изборниот законик. Крмов рече дека ова прашање веќе го отворил на координацијата на координаторите на пратеничките групи во Собранието.

    Тој позитивно гледа и на најавата на новиот министер за правда за отворање дијалог за Изборниот законик во рамки на Министерството за правда.

    Доколку, како што велат од Левица, не се исправи оваа неправда, партијата најавува радикализација на своите активности.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.