Граѓани денеска споделуваат фотографии на кои се гледаат мртви глодари снимени во центарот на градот. На фејсбук страницата на иницијативата Во одбрана на Буњаковец се објавени неколку фотографии, направени во текот на вчерашниот ден, од паркинг просторот меѓу трговскиот центар Буњаковец и основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ на кои има неколку мртви глувци.
Граѓаните реагираат дека има зголемено присуство на глувци и стаорци во последниот период и бараат реакција од градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и од општинските власти.