ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап во зоната „Hug & Fly“ на Меѓународниот Аеродром Скопје за едно возило се ограничува на еден влез во период од 24 часа. Како што информираат од Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата откако од компанијата биле побарани дополнителни појаснувања и релевантни податоци во врска со воведеното ограничување на бесплатниот пристап, ТАВ Македонија ги известил дека ја повлекува одлуката.
„Комисијата ја поздравува одлуката на ТАВ Македонија за повлекување на мерката и ќе продолжи да ја следи состојбата и условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на обезбедување еднакви и недискриминаторски услови за сите учесници на пазарот“, велат од Комисијата.