18.9 C
Vinica
понеделник, септември 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Европска недела на мобилност: Секое патување не мора да е со автомобил

    Градовите се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет на живот. Затоа Европската недела на мобилност, која започнува денеска и ќе се одбележува до 22 септември, потсетува дека секое патување не мора да започне со автомобил. Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата велат дека се потребни промени на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.
    „Пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавниот превоз не се само алтернатива – тие се инвестиција во почиста животна средина, поздрави граѓани и побезбедни улици. Секој ден кога ќе го оставиме автомобилот дома и ќе избереме да пешачиме, да возиме велосипед, да користиме јавен превоз или друг алтернативен превоз придонесуваме за намалување на загадувањето, ослободување на урбаниот простор и создавање похумани градови по мерка на човекот“, велат од РСБСП.
    Посочуваат дека одржливата мобилност е прашање и на безбедност, бидејќи улиците треба да бидат места каде децата безбедно ќе одат на училиште, каде постарите лица ќе можат без страв да се движат, а велосипедистите и пешаците ќе бидат рамноправни и почитувани учесници во сообраќајот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.