24.1 C
Vinica
среда, септември 16, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Се очекува кружниот тек да ја намали гужвата на влезот во Сарај, најавено е и рушење на објектите

    Големата сообраќајна гужва на влезот во Сарај, за која жителите се жалат со години, се очекува да се реши со изградба на кружен тек, нов мост и булевар. За овој проект се предвидени околу 7 милиони евра, а во меѓувреме се очекува да започне постапката за јавна набавка. Од Град Скопјe велат дека за време на реализацијата на проектот може да се рушат или дислоцираат некои објекти што се наоѓаат на планираната траса, пишува Порталб.мк.

    Жителите бараат кружен тек 

    Кружниот тек во Сарај е неопходен поради големиот сообраќаен метеж, велат жителите на овој крај. Според нив, недостатокот на директна врска со Кондово ги принудува возачите да користат дополнителни патишта, при што во овој дел се создаваат и големи сообраќајни метежи.

    „Бидејќи има најава дека ќе се гради, жителите овде не се против неговата изградба, затоа што тука има потреба од кружен тек поради густиот сообраќај“, изјави еден жител на Сарај.

    Според него, проблемот е уште поголем за возачите што патуваат во правец на Кондово, кои мора да патуваат околу два километри повеќе за да стигнат до ова населено место.

    „Тука има проблем со сообраќајот. Оние што треба да одат од Сарај до Кондово мора да се отидат еден километар подолу, потоа да патуваат уште еден километар за да се поврзат со Кондово. И оние што се во Ѓорче или Кондово кои сакаат да отидат до град, немаат право тука. Тие го користат другиот пат, „4 Јули“, а граѓаните се изложени на
    ризик во густиот сообраќај. Со кружниот тек, зависи каде ќе се гради, и тој проблем треба да се реши“, рече жителот.

    Властите најавија решение

    Од Град Скопјe соопштија дека на планираната траса на проектот се евидентирани постојни згради и имоти. Нарачан е геодетски елаборат за да се утврди нивната сопственост и состојба.

    „На трасата на планираните инфраструктурни интервенции се евидентирани објекти и имоти вклучени во проектот. За таа цел, Град Скопјe веќе нарачал изработка на геодетски елаборат, со кој прецизно ќе се утврди структурата на сопственост и состојбата на објектите и имотите“, изјавија од Град Скопјe за Порталб.мк.

    Оттаму додаваат дека, „доколку се утврди дека одредени објекти или имоти се наоѓаат на трасата на проектот и се неопходни за негова имплементација, тие можат да се рушат или дислоцираат, во согласност со законската постапка за експропријација“.

    Што се одесува до временските рокови од Град Скопјe нагласуваат дека се очекува постапката за јавна набавка, вклучително и потпишувањето на договорот, да заврши во рок од 60 дена, освен ако нема дополнителни околности. Рокот за изградба ќе биде утврден со договорот со избраната компанија. Проектот вклучува и средување на
    коритото на реката Вардар.

    Градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази, проектот го оцени како важен за жителите, велејќи дека со него ќе се реши еден долгогодишен инфраструктурен проблем.

    „Овој проект е многу значаен за нашата општина и за самите жители на општината. Со него се решава еден долгогодишен проблем на Општина Сарај, при што Општина Сарај ќе биде поврзана со нејзините два дела, Дрвени и делот во Кондово“, изјави Eлмази.

    Според Елмази, кружниот тек е првата фаза од проектот, а втората фаза опфаќа и поврзување со Кондово. Тој изјави дека за проектот се издвоени околу 420 милиони денари, или 7 милиони евра.

    3Д проект на кружниот тек во Сарај, преземен од Фејсбук профилот на градоначалникот на Сарај, Мухамед Елмази

    Стари ветувања за кружниот тек во Сарај

    Кружниот тек во Сарај не е нов проект, бидејќи низ годините е ветуван неколку пати.

    Во 2017 година, кружниот тек во Сарај беше дел од изборната програма на поранешниот градоначалник на град Скопјe, Петре Шилегов, како дел од проектот за „Западната порта на град Скопјe“.

    Кружниот тек во Сарај, дел од изборната програма на поранешниот градоначалник на град Скопјe, Петре Шилегов

    Четири години подоцна, за време на кампањата за локалните избори во 2021 година, и Данела Арсовска вети изградба на нов кружен тек на влезот во Сарај.  И двете ветувања останаа неисполнети за време на нивните мандати, а сега проектот е повторно на агендата, овој пат проширен со новиот мост и булеварот.

    Пишува: Албион Мемети

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.