20 C
Vinica
вторник, септември 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Мицкоски за заканите: Јас сум сепак институција

    Премиерот Христијан Мицкоски дека кажа дека бил цел на директна закана за убиство упатена преку социјалните мрежи. Според неговите зборови, лицето напишало дека премиерот е „свиња“ и дека „ќе го коле на плоштад“, а упатило и пцовки кон него и неговото семејство. Инаку се работи за лице од Куманово, против кое веќе има посташка.

    „И јас дознав за заканите во текот на вчерашниов ден на социјалните мрежи сум бил свиња и ќе ме колел на плоштад и упати пцовки кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција и кога не би бил ова јас знам како се решаваат овие работи, но институциите си ги преземале своите надлежности и преку МВР е обезбедено лицето и понатаму правосудниот систем ќе го проведе онаму каде што му е местото“, рече Мицкоски во изјава за медиумите.

    Мета веќе објави дека Основното јавно обвинителство повело постапка против 39-годишен жител на селото Черкези, поради основано сомнение да сторил кривично дело загрозување на сигурноста. Според обвинителството осомничениот, во пораки преку социјални мрежи, го навредувал и му се заканувал на Мицкоски.

    „Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број на прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, посочуваат од ОЈО.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.