27.2 C
Vinica
четврток, септември 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    „Во земја во која податоците за насилството, дискриминацијата и здравјето кај младите се алармантни, бараме образовните програми да одговорат на секојдневните потреби на младите и загриженостите на родителите. Ако има нешто од што треба да се плашиме, тоа не е ССО, туку сè почестите случаи на вознемирување, сексуално насилство, малтретирање и силување кај младите извршено од малолетници, како во училиштата, така и во јавните простори. Треба да нè загрижи што дури 10% од децата на возраст од 12 до 17 години во Северна Македонија, односно речиси 12.000 деца, биле изложени на сексуална експлоатација и злоупотреба со помош на технологија во период од само една година“, велат од организацијата Хера, како реакција на информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование.
    Од Хера посочуваат дека податоците покажуваат дека 8% од децата биле изложени на сексуални слики, 5% добиле несакани барања за интимни фотографии или видеа, 4% биле уценувани дека нивни содржини ќе бидат распространети, а кај 3% такви содржини веќе биле споделени без нивна дозвола. Дополнително, во 78% од случаите сторителот е лице што детето го познава, а 52% од случаите на сексуална експлоатација се случуваат преку социјалните мрежи како Инстаграм, Снепчет, ТикТок и Вацап.  Од организацијата посочуваат дека поразително е што само 19% од анкетираните деца изјавиле дека добиле некаков вид сексуално образование.
    „Податоците пак за сексуалното и репродуктивното здравје покажуваат дека само во 2024 година 588 деца биле родени од мајки на возраст од 15 до 19 години, а во само еден месец беа регистрирани и 11 нови случаи на ХИВ. Ова е реалноста со која живеат младите, а повлекувањето на ССО значи повлекување на една од ретките системски алатки што може да им помогне да препознаат ризик, да постават граници, да кажат „не“, да побараат помош и да се заштитат. ССО не е закана за децата, туку е системски одговор на заканите со кои тие веќе се соочуваат: сексуалното и врсничкото насилство, уцените, споделувањето интимни фотографии без согласност, токсичните врски, непланираните бремености, превенција на ХИВ и дезинформациите од интернет“, велат од Хера.
    Посочуваат дека сексуалното образование ги учи младите што е согласност, како се поставуваат лични граници, како се препознава злоупотреба, како се гради здрав однос, како се штити сопственото тело и каде се бара помош. Сметаат дека повлекувањето на сексуалното образование нема да ги тргне ризиците, социјалните мрежи, насилниците, раните бремености, ХИВ или злоупотребата, туку дека ќе го тргне само знаењето, правејќи ги младите уште поранливи.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.