27.2 C
Vinica
четврток, септември 10, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поскапеа автобуските билети од Тетово и од Куманово кон Скопје

    По зголемувањето на цените на горивата, како што беше најавено, од вчера поскапеа и автобуските билети за дел од меѓуградските линии,  објави „Порталб“.

    Билетот на линијата Тетово-Скопје поскапе за 50 денари, a патувањето од Куманово до Скопје и обратно чини 30 денари повеќе. На релацијата Тетово – Скопје, билетот во еден правец сега чини 250 денари, што е за 50 денари повеќе од досегашните 200 денари. Повратниот билет е 500 денари.

    Од Куманово до Скопје билетот во еден правец до пред два дена чинеше 170 денари, а сега чини 200 денари. Повратниот билет е 400 денари.

    За жител на Тетово кој работи во Скопје и прима минимална плата од околу 26.000 денари, секојдневниот превоз до работа и назад, за 22 работни дена, би чинел околу 11.000 денари месечно, што е околу 42 отсто од неговата плата.

    За патник од Куманово, месечниот трошок за превоз би изнесувал околу 8.800 денари, односно приближно една третина од минималната плата.

    Поскапувањето предизвика незадоволство кај граѓаните, особено кај студентите и кај оние кои секојдневно патуваат во Скопје поради работа или образование. Тие бараат институциите да ги разгледаат причините за поскапувањето и да проверат дали новите цени се во согласност со важечките прописи.

    Од Министерството за економија и труд велат дека во услови на пазарна економија цените се формираат слободно и дека во моментов нема законска основа за нивно ограничување.

    Приватните превозници засега немаат дадено официјално објаснување за причините за зголемувањето на цените.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.