Основното јавно обвинителство Скопје започна истрага постапка против едно лице на возраст од 19 години, кое учествуваше во тепачка во Чаир, во која три лица беа прободени со нож, за кривичнo делo насилство. Во тепачката учествувал и неговиот 13-годишен брат, кој, како што информираат од Обвинителството, е под законската граница за кривична одговорност.
„Во инцидентот на едно дете и на едно полнолетно лице им биле нанесени тешки телесни повреди со убоди од нож, а полесно било повредено уште едно дете. Во јавноста и кај присутните лица предизвикувале чувство на несигурност, загрозување, страв и вознемиреност“, велат од Обвинителството.
За осомничениот полнолетник е доставен и предлог за определување мерка притвор.