29.4 C
Vinica
четврток, август 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Промовиран нов портал со база на податоци за сите истражувачи и научно-истражувачки организации

    Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Порталот беше промовиран денеска, а таму се истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Е-наука е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of Science, Scopus и Google Scholar, со што овозможува прикажување индикатори, резултати, цитираност и h – индекс.

    Министерката Весна Јаневска ги повика сите истражувачи од државните и приватните универзитети и високообразовни установи, од јавните и од приватните научни установи, научни институти и од МАНУ, како и самостојните истражувачи што работат во Македонија, но и истражувачите со македонско потекло кои работат на странски универзитети, да пополнат апликација и да влезат во електронскиот регистар е-наука.

    Досега во системот се регистрирани 229 истражувачи. За секој од нив е прикажано формалното образование, вработување, научно звање, установата или факултетот каде работи, научното поле каде истражува, односно научно истражувачка идентификација, како и индикатори и резултати од застапеност во трите глобални научни бази – Scopus, Web of Science и Google Schoolar.

    Преку е-наука, истражувачите добиваат можност за поедноставно поврзување со индустријата, односно преку напредни пребарувања, бизнисите сега можат да идентификуваат кој научник или истражувач се занимава со областа што им е од интерес.

    „И јавниот сектор, сите институции, агенции и фондови добиваат транспарентен преглед на нашиот национален истражувачки капацитет, можност за контакти и за носење одлуки засновани на научни докази“, кажа Јаневска.

    Во МОН информираат дека од година во година расте буџетот за научно-истражувачка дејност. Во 2024 година биле затекнати 380 милиони денари, а веќе следната 2025 година, за наука биле одвоени 680 милиони денари. Годинешниот буџет за наука има 773 милиони денари.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.