26.9 C
Vinica
недела, август 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    73-годишен пациент од скопската општина Аеродром, односно Ново Лисиче, е петтата жртва на западно-нилската треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести , д-р Фадил Цана.

    Пациентот бил примен на клиниката во тешка состојба и со сериозни придружни заболувања.

    „Пациентот 22 дена бепе хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, а од самиот прием бил во многу тешка состојба. Беше сместен на одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка.

    Со овој случај, бројот на починати од западно-нилска треска во земјава се искачи на пет. Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 21 пациент. Од нив, 18 имаат потврдена инфекција со вирусот и невроинвазивна форма, додека тројца пациенти се сметаат за суспектни.

    „Речиси секој ден по некој се хоспитализира и бројката на Клиниката е околу 20 до 21“, кажа директорот Цана.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.