26.9 C
Vinica
недела, август 23, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    Во моментов во земјава има најмалку 20 активни пожари на отворен простор, а критичен е пожарот кој избил попладнево кај струмичките села Баница и Водоча, информираат во Дирекцијата за заштита и спасување.

    „Пожарот брзо почнал да се шири, а противпожарните служби од Гевгелија, Валандово, Радовиш и Струмица воспоставуваат контрола. Активирана е механизација која прави противпожарни пресеки за да не се шири огнот. Нема изгорени куќи и нема повредени лица. Бројот на пожари ќе расте во наредните денови заради високите температури“, изјави директорот Стојанче Ангелов.

    Пожар има и во Цветово, Студеничани, како и во општина Желино кај Церово, потоа, кај Тајмиште, како и во Врапчиште, Маврово-Ростуше, во Прилеп и село Бонче.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.