Лица вооружени со огнено оружје биле пронајдени во зоната на строга заштита на Националниот парк Пелистер. Тие се откриени откако ренџерите и полицијата од СВР Битола организрале ноќна акција на тешко достапен терен на над 2.000 метри надморска височина. Од Националнит парк велат дека токму делот за строга заштита е многу често цел за незаконити активности, бидејќи нема доволно надзор.
„Теренот на кој се одвиваше потрагата е тешко достапен и тежок за контрола на ренџерската служба бидејќи нема соодветна инфраструктура за редовни патролни активности. Шумските патишта кои според сите стратешки документи на НП Пелистер требало да бидат клучни артерии за заштита на природата и противпожарна заштита и контрола на ренџерска служба за жал полека пропаѓаат. Тие се високо на агендата на активности на НП Пелистер и веќе се работи на нивно опоравување“, велат од НП Пелистер.