31.6 C
Vinica
недела, август 9, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    ЦУК: На територијата на цела држава има дваесет и пет пожари, гори во Горно Лисиче и кај Крива Паланка

    Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

    Активни се пожарите во Горно Лисиче, Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, како и пожарот на излезот од Крива Паланка, каде е зафатена депонија.

    Пожарот над село Зелениково, во Општина Зелениково, е ставен под контрола. Таму гореле шума и ниска вегетација.

    Во текот на изминатото деноноќие се изгаснати пожари и во повеќе скопски општини, меѓу кои Гази Баба, Ѓорче Петров, Сопиште, Арачиново, Студеничани и Карпош.

    Пожари имало и во Новаци, Долнени, Прилеп, Чашка, Велес, Росоман, Струга, Липково, Врапчиште, Желино, Гостивар и Делчево. Најчесто горела ниска вегетација, но во дел од случаите биле зафатени и шума, дрвја, отпад и депонии.

    Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите на отворен простор се следи, а надлежните служби интервенираат според потребите.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica