Општина Кичево ги извести граѓаните дека е забранета употребата на вода за пиење од шест локални водоснабдителни објекти, согласно Решение на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
Одлуката е донесена по извршените лабораториски физичко-хемиски и микробиолошки анализи на примероци од вода за пиење, спроведени од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола.
До добивање на ново известување, забрането е користење на вода за пиење од следните водоснабдителни објекти:
-селскиот водовод во Гарани (пункт – чешма кај џамијата);
– патната чешма во Другово (пункт кај разделната градба);
– јавната чешма „Бела Кула“ во Кичево;
– селскиот водовод во Стрелци (пункт кај училиштето „Милто Гура“);
– селскиот водовод во Шутово (пункт „Милто Гура“);
– селскиот водовод во Премка (пункт сред село).
Воедно, од општината нагласуваат дека водата за пиење од градскиот водовод е целосно исправна и безбедна за употреба.