29.3 C
Vinica
петок, јули 31, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи – запленети 64 илјади евра

    Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин.

    Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.

    На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршиле детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica