Вчера во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат село Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик, информираат од МВР.
При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција.
По извршени дополнителни проверки, било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.
„За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.