26.9 C
Vinica
вторник, јули 21, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    СДСМ: Институциите знаеле, но не реагирале навреме за епидемијата во Гостивар

    Институциите знаеле за небезбедната вода во водоводот во Гостивар,но не реагирале навреме, обвинуваат од опозициската партија СДСМ. Тоа според нив, резултира со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош и прогласување на епидемија.

    „Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции. Тие уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување на бројот на пациенти. И покрај овие јасни предупредувачки сигнали, прогласувањето на епидемијата дојде дури откако амбулантите и болниците беа преполни, а бројот на заболени достигна речиси две илјади“, велат од СДСМ.

    Посочуваат дека јавното здравје не смее да биде предмет на доцнење, изговори или политички калкулации и дека кога постојат јасни индикации за сериозен здравствен ризик, институциите мора веднаш да преземат мерки за заштита на граѓаните, без оглед на тоа дали епидемијата е формално прогласена или не.

    Од политичката партија Вреди, коалиционен партнер во Владата, денеска изјавија дека здравјето и безбедноста на граѓаните на Гостивар им се апсолутен приоритет, како и дека за нив, преку државните институции, им се обезбедуваат 50.000 литри бесплатна вода за пиење, која ќе се дистрибуира на неколку локации во градот сѐ додека се во сила мерките и препораките.

    „Очекуваме резултатите од лабораториските анализи да бидат објавени што е можно поскоро, а институциите да продолжат со истрагата сѐ до целосно утврдување на причините“, велат од Вреди.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica