28 C
Vinica
понеделник, јули 13, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Собранието ќе расправа за реконструкцијата на кабинетот на Мицкоски

    На дневен ред на Собранието денеска е седницата на која пратениците ќе треба да дискутираат за првата  реконструкцијата на Владата, која ја предложи премиерот Христијан Мицкоски, по две години од мандатот. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осумина министри и двајца заменици министри. Според предложените кадровски решенија на премиерот Сашо Клековски ќе биде за нов министер за здравство, а неговата позиција во Фондот за здравствено осигурување ќе ја наследи Златко Перински.

    Иван Стоиљковиќ ќе си замине од Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и ќе раководи со Министерството за локална самоуправа.  Агон Ферати ќе биде новиот министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Јетон Шасивари нов министер за правда, на местото на Игор Филков, а Седат Сулејмани, кој ќе го замени Зоран Љутков во Министерството за култура и туризам,

    Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Борче Серафимовски, на местото на Цветан Трипуновски, а Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, кој доаѓа на местото на Фатмир Лимани. За министер без ресор задолжен за инклузија и спроведување на Стратегијата за Ромите е предложен Ерџан Демир, а се очекува премиерот Мицкоски да го соопшти и неговиот избор од оваа партија што ќе раководи со министерство без ресор.

    Владата веќе нема да има вицепремиер и министер за добро владеење, а тие обврски ќе ги преземе неговиот Кабинет. Изборот на нови заменици министри, на позициите на Велковски и Сулејмани ќе се случи во септември.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica