31.7 C
Vinica
сабота, јуни 27, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Поради високите температури избегнувајте престој на отворено од 11 до 17 часот

    Поради високите температури и опасноста од топлотен стрес, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето, особено во периоди на топлотни бранови.

    Од ИЈЗ советуваат да се избегнува директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот кога температурите се највисоки. Доколку престојот на отворено е неопходен, се препорачува носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа со широк обод, како и правење почести паузи во сенка.

    Граѓаните се повикуваат да престојуваат во разладени и климатизирани простории, а домовите да ги одржуваат поладни со затворање на прозорците и ролетните преку ден и проветрување во вечерните часови.

    ИЈЗ препорачува и редовен внес на течности, пред сè вода и минерални безалкохолни пијалаци, без да се чека појавата на жед. Воедно, се советува избегнување алкохол, пијалаци со кофеин, многу ладни пијалаци, како и масна, висококалорична и храна богата со шеќери.

    Посебно внимание треба да посветат лицата со хронични заболувања, посебно оние со кардиоваскуларни, невролошки и белодробни болести. За нив е важно редовно да ја земаат пропишаната терапија и при секоја промена на здравствената состојба да се консултираат со својот матичен лекар.

    Ако се појават симптоми како зашеметеност, слабост, силна жед, главоболка или мускулни грчеви, потребно е лицето веднаш да се премести на поладно место, да се рехидрира и да се одмори. Ако симптомите не се повлечат или се влошат, неопходно е да се побара лекарска помош.

    Во случаи кога лице има висока телесна температура, топла и сува кожа, грчеви или е во бессознание, ИЈЗ апелира веднаш да се повика Итната медицинска помош на телефонските броеви 194 или 112. До пристигнувањето на медицинските екипи, лицето треба да се премести на ладно место, да се разлади со ладни облоги и вода, а доколку е без свест, да се постави во бочна положба.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica