29.7 C
Vinica
четврток, јуни 25, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Надворешниот долг на државата порасна за 742 милиони евра во првиот квартал од годинава

    Надворешниот долг на Северна Македонија на крајот на првиот квартал од 2026 година изнесувал над 12 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра, или 6,1 отсто, во однос на крајот на минатата година, соопшти Народната банка.

    Според податоците, најголем дел од растот доаѓа од зголемувањето на јавниот долг, кој пораснал за 463 милиони евра. Од Народната банка посочуваат дека тоа главно се должи на издавањето нова еврообврзница од страна на државата. Во исто време, приватниот надворешен долг е зголемен за 280 милиони евра.

    Покрај долгот, пораснале и средствата што македонските институции, компании и банки ги имаат во странство. Тие достигнале над 8 милијарди евра, што е за 523 милиони евра повеќе во споредба со крајот на 2025 година.

    Сепак, бидејќи надворешниот долг растел побрзо од надворешните побарувања, нето надворешниот долг, односно разликата меѓу долговите и средствата во странство, е зголемен за 218 милиони евра и на крајот на март изнесувал 4,804 милијарди евра. Народната банка наведува дека околу две третини од овој долг отпаѓаат на приватниот сектор.

    Негативната нето меѓународна инвестициска позиција на крајот на март 2026 година изнесува 9.009 милиони евра, или 49,1 отсто од проектираниот БДП за годинава, покажуваат податоците. Тоа значи дека земјата има повеќе обврски кон странство отколку што поседува странски средства, односно останува нето должник.

    Најголем дел од нето обврските, дури 96 отсто, произлегуваат од директни инвестиции, при што 71% се поврзани со сопственички капитал на странски инвеститори во домашни компании.

    И покрај економскиот раст кој го подобрува односот на долгот кон БДП, надворешните обврски продолжуваат да растат во апсолутен износ, главно поради потребите за финансирање на меѓународните пазари. На почетокот на вториот квартал, земјата бележи повисоко ниво на задолженост кон странство, а најголем придонес во растот има новото државно задолжување на глобалните пазари.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica