21.9 C
Vinica
среда, август 12, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Парада на гордоста попладне во Скопје

    Во Скопје денеска попладне ќе се одржи Парадата на гордоста, која ќе започне од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк, а ќе заврши во паркот „Жена борец“.

    Организаторите соопштија дека настанот претставува протестен марш за човекови права, еднаквост и достоинствен живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава.

    Маршрутата ќе започне од Градскиот парк, по булеварот „Илинден“, ќе продолжи по улицата „Франклин Рузвелт“ и булеварот „Партизански одреди“ до крстосницата со улицата „Васил Главинов“, а потоа учесниците ќе се движат по улицата „Димитрие Чуповски“ до завршната локација на улицата „11 Октомври“.

    Поради одржувањето на Парадата на гордоста, надлежните најавија воведување на посебен режим на сообраќај на улиците низ кои ќе се движи маршот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica