25.4 C
Vinica
среда, јуни 17, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Скопјанецот што ги запали возилата на бугарската амбасада го признал делото, доби кривична пријава

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје за палењето на две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје.

    Како што информираат од СВР Скопје во текот на истрагата се обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото, а во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело.

    Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје осомниченот се товари дека сторил кривично дело, предизвикување општа опасност. Тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов” во Скопје, пред Амбасадата на Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

    „На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, велат од Обвинителството.

    Посочуваат дека, имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвинител побара и определување на  притвор за осомничениот.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica