28.3 C
Vinica
понеделник, јуни 15, 2026

РАДИО ЛАКОСТА 103,3 FM

More

    Актуелно

    Сиљановска-Давкова: Македонија на европскиот пат не треба да се фрустрира од перцепцијата дека е мала држава

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека Македонија, на европскиот пат не треба да се фрустира од перцепцијата дека е мала држава и не треба да се однесува субмисивно. Таа во интервју за МИА, вели дека и Европската Унија треба да размисли за методологијата на преговорите, а не како што вели, да ги води по принципот „молчи и слушај“, бидејќи и кандидатите за кандидати имаат што да кажат.

    „Македонија мора да ги изнесе националните интереси и ставови во преговорите во една нова ера на политика на докази и европски вредности, кои не се само европски, туку и македонски вредности. Ако вие укажете пристојно, културно, со аргументи, дека имате забелешки на некои решенија, дека тие решенија не кореспондираат со филозофијата на Европската Унија, дека тие решенија не се прифатливи за повеќето од граѓаните, тогаш мислам дека ќе размислат, ако не самите тие, тогаш нивните соговорници. И затоа јас честопати говорам дека е време за политика заснована на докази“, вели Сиљановска Давкова.

    Претседателката посочува дека власта и опозицијата мора да имаат консензус за националниот интерес.

    „Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата, која и сега не треба да се исклучува, бидејќи нема демократија без опозиција многу полесно ќе речевме: „Извинете, имаме задршка во поглед на ова решение, не е баш така. Мора да ги прашаме сите“. Поинаку ќе гледаа на нас. Ама начинот на кој се однесуваа, се однесуваат кон нас од надвор, покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение“, вели Сиљановска Давкова и додава дека се обидела да воспостави контакт со опозицијата, бидејќи смета дека решенијата треба да се договорат дома.

    Latest Posts

    Не пропуштај

    БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ

    Во чекор со сите најнови вести, понуди и специјални објави.

    Vinica